Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТече рокот за приговори до ДИК за гласањето во вториот круг од локалните избори

Тече рокот за приговори до ДИК за гласањето во вториот круг од локалните избори

Партиите по вчерашниот втор круг од локалните избори имаат рок од 48 часа по завршување на гласањето да поднесат приговори до Државната изборна комисија. Комисијата, пак е должна, во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката можа да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа од завршувањето на гласањето. ДИК има рок од 24 часа да одлучи по ваквите приговори.

Вчера до ДИК имаше поднесено четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.