HomeДЕНЕШНАПолитикаЧлен на ДИК пријави дека го уценувале наводни лица од дневен весник

Член на ДИК пријави дека го уценувале наводни лица од дневен весник

dik sednica2

Претставник на Државната изборна комисија ноќеска, 45 минути по полноќ, во СВР Битола пријавил кривично дело „уцена“. Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, вчера во 16.33 часот додека со уште две лица патувал кон Битола заради надзор за печатење избирачки материјал, на неговиот службен мобилен телефон му се јавило лице кое му се претставило дека е од дневен весник.

Лицето го прашало зошто ја одбил понудата за печатење на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори во весникот. На тоа пријавителот одговорил дека имал подобра понуда од друг дневен весник. При разговорот пријавителот забележал дека разговара на интерфон, при што во разговорот се вклучило друго лице, кое се претставило како главен и одговорен уредник на дневниот весник. Тој му рекол дека не смеел да биде против објавувањето на кандидатските листи, а воедно му се заканил со компромитирање на личноста, со објавување лаги и невистини во весникот, доколку не се објават листите во нивниот весник, наведува МВР.

Лицето му упатувало и разни погрдни и навредливи зборови и доколку не му биле вратени 20.000 евра ќе бил даден на суд. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com