HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЧетворица потешко повредени по превртен камион кај Демир Капија

Четворица потешко повредени по превртен камион кај Демир Капија

Вчера во сообраќајна несреќа на патот село Бела Вода-село Иберија, кај Демир Капија во превртен камион „ФАП“ биле повредени четворица патници од кои двајца се со потешки повреди.

До несреќата дошло откако возачот на камионот А.Ј. (37) од Демир Капија изгубил контрола и се превртел. Во сообраќајната несреќа тешко биле повредени сопатниците М.М.(45) и Р.М.(18) од Неготино, а полесни С.С. (23) од Демир Капија и С.Д. (45) од село Војшанци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com