HomeДЕНЕШНАРегионЧетиригодишно девојче „предозирано“ со кокаин ги алармираше властите во Хрватска

Четиригодишно девојче „предозирано“ со кокаин ги алармираше властите во Хрватска

Во загребска болница во тешка состојба, донесено било девојче на возраст од четири и пол години, а по прегледот, на основа на анализа на крвта, лекарите утврдиле дека девојчето се затруло со кокаин.

Лекарите повикале полиција во болницата која ги уапсила родителите, а против нив поднела кривична пријава. Во наредниот период ќе се утврди како девојчето дошло до дрогата. Таткото, кој се лечи од зависност, тврдел дека не знае како дошло до тоа. Девојчето добро се опоравува и за брзо треба да ја напушти болницата.

Детето нема да се врати кај родителите, туку ќе биде згрижено во некој од Центрите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com