HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧалханоглу повторно актуелен, се сели во Премиер лигата?

Чалханоглу повторно актуелен, се сели во Премиер лигата?

dcef331a-420x300-1

Хакан Чалханоглу е фудбалер кој во изминатите неколку сезони беше поврзуван со трансфер од Леверкузен во некој од Премиерлигашките клубови, па таа традиција продолжува и оваа сезона. Медиумите во Англија пренесуваат дека во јануари би можел да го промени клубот и да се пресели во Челси, најмогу поради тоа што останувањето на Оскар во клубот е под голем знак прашалник.

Сепак, Конте напомна дека од заминување на Оскар во јануари нема да има ништо, па тешко е да се верува дека овој трансфер би се случил оваа зима. Чалханоглу пристигна во редовите на Леверкузен од Хамбург во 2014 година, а општо е познат како многу добар изведувач на слободни удари. Неговата пазарна вредност изнесува 18 милиони евра, но сигурни сме дека Леверкузен нема да ја прифати оваа сума. Неговиот договор со германскиот клуб истекува во јуни 2019 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com