Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТажна вест: Почина новинарот Стојанчо Антовски

Тажна вест: Почина новинарот Стојанчо Антовски

Почина новинарот Стојанчо Антовски на 52-годишна возраст во својот дом во Делчево. Во својата новинарска кариера, Антовски работеше како дописник на МРТВ, а во родното Делчево беше дел од првата постава новинари кои ја започнаа програмата на јавната локална радио-телевизија во Делчево, позната како Радио-телевизија Делчево.

Негов последен проект беше Радио „Зора“, единствено радио во Делчево со информативен и забавен карактер. Делчевци ќе го паметат по многубројните репортажи и новинарски записи со кои го бележеше живот во Делчево, а колегите, како искрен и пожртвуван пријател. Антовски зад себе остави сопруга и две ќерки. Погребот ќе се изврши утре во 11 часот на градските гробишта во Делчево.