Thursday, Apr 25, 2024
HomeИздвојувамеТажна приказна на славниот актер: Имам милиони во банка, обожаватели ширум светот, но го немам единственото што го сакам..

Тажна приказна на славниот актер: Имам милиони во банка, обожаватели ширум светот, но го немам единственото што го сакам..

Откако ќе ја прочитате приказната на славниот актер Морган Фриман застанете и добро размислете: Дали во животот е најважна трката по пари? „Послушајте ме и преземете нешто доколку сакате да ја промените вашата иднина. Би сакал да имаше некој да ми го раскаже ова на мене кога бев млад“, ја започна својата приказна популарниот актер…

„Имам 78 години и верувам дека не ми е останато уште премногу време. Имам милиони долари во банка, но со тие пари неможам да го купам здравјето и да го спасам својот живот. Имам семејство и милиони обожаватели ширум светот, но сега сум потполно сам. Го живеев животот на погрешен начин и не сакам тоа да ви се случи и вам.

Парите сами по себе не претставуваат зло. Тоа е само хартија од вредност кои ни овозможуваат да дојдеме до други работи кои ги сметаме за повредни. Ако парите не се зло, што тогаш претставува злото? Зло е кога имаме етикета на срцето и душата која ја менуваме за финансиски успех по секоја цена. Зло е кога се обидуваме повторно и повторно да ја купиме среќата, несвесни дека тоа е само илузија која еден ден ќе исчезне.

Што се случува која ќе исчезне?

Замислите дека имате се, а потоа останете без ништо. Замислете дека сте потполно сиромашни. Немате ниту денар. Единствено решение за вас во оваа ситуација е потрагата по уште пари, бидејќи сега го немате она што ви ја создава лажната радост. Кои сте вие сега без пари? Каде се сега сите оние што сте ги сметале за пријатели кога сте имале пари? Оние кои биле покрај вас кога сте немале пари сигурно до сега ве напуштиле мислејќи за вас дека сте егоцентричен идиот.

Постои поголема цел во животот од трката по финаниски успех и никогаш не е доцна за да ги промениме приоритетите само е потребно да се има желба за такво нешто.

Промената може да дојде уште денес доколку ја редефинирате својата дефиниција за успех. Можете да ги трансформирате своите заладени односи и да изградите нови. Можете да си простите на самите себеси и на оние кои ве повредиле. Можете да станете лидер кој ќе им помогне на останатите. Можете да ги избалансирате своите приоритети во животот. Можете да го вратите својот брак во живот и да создадете љубов посилна од било кога. Можете да станете најдобриот родител на светот, но немојте да чекате да дојдете на моја возраст за да ги сфатите овие работи. Секогаш има начин да заработите повеќе пари, но никогаш нема да можете да го вратите времето.

Еден ден сите ќе умреме. По што сакате да останете запаметени? Што ќе направите за светот да биде подобро место за живот? Која е вашата вистинска цел? Сите умираме, но само мал број од нас вистински живеат. Создадени сте за многу повеќе од тоа само да работите и да плаќате сметки. Создадени сте за големи работи. Вие сте суштество кое треба да го инспирира светот и да им помага на останатите.

Што е она што најмногу може да ви помогне во овој тежок пат?

Само љубов, што е можно повеќе и повеќе љубов. Никогаш не се предавајте, без разлика на какви пречки ќе наидете во животот. Денес сте му потребни на светот повеќе од било кога. Само со љубов, сочувство и прошка можеме да го поразиме злото“.

Што велите на оваа приказна? Пораката на авторот навистина не е за занемарување. Размислете..