Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТатковците дискриминирани со надоместокот за трето дете, тврди народниот правобранител

Татковците дискриминирани со надоместокот за трето дете, тврди народниот правобранител

Народниот правобранител поднесе Иницијатива за изготвување на предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата. Според него, постои нееднаквост и правна несигурност, бидејќи само мајката може да го оствари правото за надоместокот на трето дете.

„Констатиравме дека во случаи кога се има трето дете, барање за родителски додаток за трето дете може да поднесе само мајката, што значи се дава приоритет на едниот родител. Тоа значи дека таткото не е еднаков со мајката. Притоа не се води сметка за целта на давањето на наведениот паричниот паричен надоместок, односно подобрување на животниот стандард на семејството кое има трето дете“, велат од кај Народниот правобранител.

Според нив, се доведува под прашање основноста и оправданоста на ваквото законско решение кое го ограничува пристапот и остварувањето на ова право на двајцата родители. Тие додаваат дека законските одредби се во спротивност и со принципите на правичност, хуманизмот и солидарноста како темели на вредности на Република Македонија.

„На пример ако жената не врши редовни гинеколошки прегледи, тогаш, таа нема да може да го оствари правото на надоместок за трето дете. Лицата кои се борат за егзистенција и нивните деца не можат да ги испратат во училиште, исто така се ограничени и остануваат без ова право“, велат од кај Народниот правобранител.

Тие наведоа случај каде што еднаш правото за надоместок било овозможено, а кога барале продолжување нивното право престанало.

„Семејство со три деца, каде две од нив имаат оштетен вид. Детето не одело на училиште. Родителите се без образование. Тие поднесоа барање за добивање на ова право, но биле одбиени бидејќи не исполнувале еден од условите.