Sunday, Jun 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаТаткото обвинува: Пијаниот анестезиолог е виновнк за смртта на родилката и нејзиното бебе

Таткото обвинува: Пијаниот анестезиолог е виновнк за смртта на родилката и нејзиното бебе

Пијан анестезиолог е виновник за смртта на родилката и нејзиното бебе, вели сопругот Мите Кадиев од Дојран во изјава за Телма. Таткото раскажува дека во текот на бременоста немало никакви компликации, а гинекологот му рекол дека породувањето со „царски рез“ ќе заврши за еден час, но 45 минути го информирале дека морале да ја прекинат операцијата затоа што, како што подоцна разбрал, анестезиологот бил во алкохолизирана состојба.

– Слушнав дека гинекологот зборува на телефон, како што рече тој, со директорот на болницата и му рече „Дојдете да видите во каква состојба ви е персоналот“. Пред да се јави ми кажа дека не може да ја направи операцијата додека анестезиологот е во таква состојба. Два пати пробувал да и стави тубус и не можел да го стави. Општо е познато, а и полицајците кажаа дека тој анестезиолог, а и другиот, кој не знам дали беше таму, постојано се пијани. Затоа и доцнеше операцијата еден час, вели Кадиев за Телма.

Потоа ситуацијата се искомплицирала. Кадиев забележал дека целиот персонал во болницата се растрчал, а половина час подоцна ја добил лошата вест.

Целата сторија прочитајте ја на Телма.