Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТатко и син во Табановце одгледувале марихуана

Татко и син во Табановце одгледувале марихуана

Татко и син од кумановско Табановце одгледувале растение канабис сатива во дворот на семејната куќа, соопшти денеска кумановската полиција.

Полицијата по издадена наредба од Основниот суд во Куманово во утринските часови извршила претрес на нивниот дом во село Табановце и открила и одзела 71 стебло од растението канабис сатива, околу четири килограми наркотична дрога марихуана, кутивче со семки од растението канабис сатива, воздушна пушка и куршум. Полицијата одзела и други предмети како што се црево, туби и мотика кои 65-годишниот Љ.Ј. и неговиот син 30-годишниот Б.Ј. ги користеле за одгледување и одработување на растенијата.

По целосно расчитување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против таткото и синот и ќе бидат спроведени до Основното јавно обвинителство во Куманово.

Портпаролот на СВР Куманово Валентина Николовска информираше дека Б.Ј и претходно и е познат на полицијата како сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани кривични пријави и има издржувано казна затвор, а на таткото Љ.Б., пак, му се поднесувани кривични пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и за измама за што има издржувано казна затвор.