HomeДЕНЕШНАРегионТачи во Албанија – И почесен граѓанин и непожелен

Тачи во Албанија – И почесен граѓанин и непожелен

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој денеска ја звршува дводневната посета на Албанија, се соочи со непријатен момент при полагањето свежо цвеќе на споменикот на косовскиот борец од последната војна и лидер на ОВК, Адем Јашари.

Кога Тачи, заедно со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, пристигнаа на местото, наиде на собрана поголема група млади кои носеа плакати и изикуваа „Доста е од раководење на криминалци“, „Косово е Албанија“, „Границата помеѓу нас е Југославија“ и слично.

Според Балкан веб, насобраните биле симпатизери на косоското националистичко движење „Самоопределување“, а полицијата немала потреба да интервенира и цермонијата на оддавање почит минала без инцидент, по што насобраните веднаш си заминале.

Шефот на косовската држава вчера имаше средби со албанскиот државен врв, а денеска попладне во Скадар му беше врачено признанието „почесен граѓанин“. На свечената седница на општина Скадар, по врачувањето на признанието Тачи изјави дека „оваа титула е уште една потврда за тесната духовна поврзаност што постои меѓу Албанија и Косово“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com