Friday, Apr 19, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавТасевски: Еден гест не го „мие“ Ѓорчев од години на потпалување национализам

Тасевски: Еден гест не го „мие“ Ѓорчев од години на потпалување национализам

Глупаво и наивно е од Ѓорчев Влатко да правите херој зашто помагал на линчуваните пратеници. Тоа што на секунда му проработела совеста и разумот, не го мие од вината дека со години потпалувал националистичко лудило и омраза кон се што не е за Груевски и ДПМНЕ. Аууу колку ве истепаа колеги! Дојдете кај мене во канцеларија имам водичка да се окрепите!

А претходно народот на Груевски во Собрание го тапшаше по рамо и се гушкаа. Ако вистина се кае и е згрозен, нека излезе ко маж пред камери и нека рече: После она дивеење, јас повеќе не можам да бидам со Груевски. Нека се огради јавно од тој народ и силеџиите кои го водеа. Тогаш ќе биде за пофалба.

Став на актерот и активист Сашо Тасевски