Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТаравари следната недела ќе го измени Мој термин

Таравари следната недела ќе го измени Мој термин

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека уште од следната недела ќе има новитети во системот Мој термин- Новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден на раѓање, и ќе добијат Извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци, пренесува „А1он“.

„Се работи за една новост, кога ќе се роди детето уште во болница да се дава Извод на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци…значи да не лутаат родителите по изводи, вакцини и други документи. Ова ќе биде првата новост од Мој термин“, најави министерот Таравари ,кој додаде дека овој новитет во здравството ќе се спроведе во соработка со МВР, а за што повеќе детали ќе соопштат во текот на следната недела.

Во однос на инспекциите од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Таравари посочи дека хигиената била лоцирана како најголем проблем во повеќето здравствени установи. Најлоша била состојбата на Гинекологија и во Штипската болница.

„Знаете Македонија е лидер во регионот за интрахоспитални инфекции и веќе се работи на идејно решение како да се поправи тоа. Можеби ќе ангажираме надворешни фирми, прво експериментално во две болници, на Гинекологија и во Гостивар ќе почне фирма што бесплатно ќе работи…и потоа ќе одлучиме дали тоа ќе се спроведе и на други клиники.“- изјави министерот.

За одредени болници Инспекторатот веќе имла и решенија и наскоро, како што кажа министерот Таравари, ќе излезат и со казни за менаџери, вработени итн.