Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатар„Танцфест“ во Велес

„Танцфест“ во Велес

 

Во рамките на годинешното издание „Танцфест“ велешани ќе имаат можност да проследат четири танцови претстави на сцената на театарот „Џинот“ во Велес. На 9-ти април со почеток во 20 часот прв на сцената ќе настапи Скопје танцов театар со претставата „Стапнувајќи на земја“. На 12-ти април  ќе биде изведена една од најекслузивните претстави за годинава „Боите на танцот“ на Државната опера и балет од Измир, Турција. „Ruolite Dance Company“ со претставата „Strates“ од Париз, Франција ќе настапат на 19-ти април. Големиот финиш е закажан за  21-ви април со претставата „Волшебен свет“ во изведба на Скопје танцов театар.

-„Наша цел како тетатар беше да им овозможиме на нашите гледачи програмска содржина која што го промовира и афирмира танцот , не само современиот туку и класичните форми на танц . Во таа насока направивме соработка не само со Танцфест како фестивал туку и со националната институција МОБ. Ја сискрено сум задоволен со нашата соработка со „Танцфест“, од инетерсот на нашата публика што го пројави за современите форми на танцот . Очекувам годинава уште поголем интерес од лани“, рече уметничкиот директор на театар Џинот, Васил Зафирчев.