Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТанц шампионите од Битрикс ја најавија првата музичка претстава

Танц шампионите од Битрикс ја најавија првата музичка претстава

Членовите на „Битрикс“ кои се повеќекратни државни и интернационални прваци освоија и најголемо признание за нивната работа со вицешампионското место на Светското првенство во модерни танци, ESDU World Dance Masters. Исто така, тие се познати и по креирањето на првата хип-хоп претстава “Издигнување”,  чија премиера беше на Танц Фест 2013 год. и истата беше прифатена одлично од публиката и критиката.

bitriks1

По три години континуирано вложување и надградување, тројцата млади кореографи од „Битрикс“, Ивана Балабанова, Леонардо Хусини и Дејан Битровски, создадоа ново дело наречено „Делови“, каде во парчиња од петнаесет минути, секој од нив на свој начин раскажува сопствена приказна.

bitriks

Имено, обработувајќи различни теми и служејќи се со различни концепти и приказни, како и различни методологии и техники, тие создадоа еден мултимедијален проект за кој се надеваат дека нема да ја остави публиката рамнодушна.

bitriks3

Трите дела во претставата: Леонардо Хусеини – КОНЕКТ; Дејан Битровски – П.А.Н.Г.Т.Е.О и Ивана Балабанова – (3/∞),  се создадени преку еден процес на заедничка соработка и комуникација, при што кореографите користејќи ги телата на танчерите како медиум, ги искажуваат своите емоции на среќа, возбуда, тага, револт, огорченост, осаменост и сплотеност .