Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНА,,Танјуг” и 37 други медиуми во Србија на продажба

,,Танјуг” и 37 други медиуми во Србија на продажба

 

 

 

Агенцијата за приватизација на Србија упати јавен повик за понуди за приватизација на Новинската агенција Танјуг од Белград . Освен новинаската агенција, на продажба се уште 37 други медиуми (станува збор за помали радио-станици)

Во огласот  стои дека Република Србија продава 100 отсто удел во сопствеништво во Танјуг и оти според извештај на овластен проценител, проценетата вредност  изнесува 760.936 евра.

Право на учество имаат сите  домашни и странски физички и правни лица кои може да се пријават најдоцна до 30 јули. Отворањето на понудите ќе биде на 3 август.