Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТалибанци го нападнаа Парламентот во Кабул

Талибанци го нападнаа Парламентот во Кабул

Шестмина Талибанци денеска ја нападнале парламентарната зграда во Кабул. Прво предизвикале експлозија на автомобил-бомба, пред зградата на Парламентот, а потоа пукајќи од огнено оружје, влегле во зградата. Силите за безбедност веднаш возвратиле со оган, при што се убиени сите талибанци.

Властите велат дека пратениците биле безбедни, но во експлозијата загинале една жена и едно дете, а најмалку 18 лица се повредени во текот на престрелката. Во моментот на нападот, во Парламентот се одржувала седница на која требаше да биде потврден изборот на новиот министер за одбрана Масум Станекзаи.

Во соопштение што талибанците им го испратиле на медиумите во Кабул се вели дека нападот е намерно изведен денеска претпладне, за да се совпадне со гласањето за избор на нов министер за одбрана. Авганистан веќе подолго време нема министер за одбрана, па набљудувачите во авганистанскиот главен град проценувааат дека денешниот координиран напад е порака до владата во Кабул.