Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТалат Џафери избран за претседател на Собранието

Талат Џафери избран за претседател на Собранието

Талат Џафери од ДУИ е избран за нов претседател на Собранието. Лидерот на СДСМ Зоран Заев го прочита предлогот за Талат Џаферида биде нов парлементарен спикер и во пленарната сала новото парламентарно мнозинство го изгласа. Пратениците на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците го чуваа Талат Џафери додека ја даваше свечената изјава.

Парламентарното мнозинство по предлогот на Ферид Мухиќ, едногласно го избра Талат Џафери за претседал на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Ова е пуч“. Седницата ја води Горан Мисовски, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат да заврши седницата. Талат Џафери рече дека пуч извршил Ѓорѓе Иванов.

Се очекува Џафери да се обрати, првпат како претседател на Собранието, од прес-центарот во Парламентот.

Напнатоста во Собранието не стивнува и никој не мже да ги предвиди следните чекори.