HomeАНТИСТРЕСШтосноТаксист заработува „возејќи го Трамп“ по Тирана

Таксист заработува „возејќи го Трамп“ по Тирана

Уљан Колџеџа, албански таксист кој привлече големо влијание во Тирана со своето возило излепено со фотографии од републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, открива дека тоа му помогнало да напредува во својата работа. Според неговите зборови, тој бил потикнат на тој начин да го „украси“ своето возило откако премиерот на Албанија Еди Рама предупредил дека Трамп би можел да биде „сериозна закана“ во албанско-американските односи.

Колџеџа истакнал дека сега заработува повеќе пари отколку што заработувал во последните 13 години, колку што всушност и ја работи оваа професија таксист.

taksi-f1

Рама нешто порано оваа година, исто така, проценил дека за САД би било „голема штета“ доколку Трамп биде избран за претседател.

taksi-f3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com