Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТајните документи на НСА поделени на новинарите

Тајните документи на НСА поделени на новинарите

Голем број тајни документи на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден ќе станат „отворена книга“ за новинарите и организациите, кои сакаат да соработуваат со новинарската организација, која ја држи архивата.

Сајтот Интерсепт, кој го покрена новинарот Глен Гринвлад, упати повик до новинарите да работат со нив и целосно да ја истражат архивата на Сноуден. Интерсепт исто така објави десетици документи на НСА, меѓу кои и оние кои се однесуваат на методите на испитување затвореници во Гвантанамо. Се наведува дека НСА имала лице за врски, кое било одговорно за одржување секојдневен контакт со оние, кои ги испитувале затворениците, за да ги процени и искористи нивните информации.

Гринвалд бил дел од тимот, кој прв го интервјуирал Сноуден во 2013 година. „Од почетокот имавме став да соработуваме со странски и други американски медиуми, а не целиот материјал да го задржиме само за себе“. рече Гринвалд. Тој додаде дека Интерсепт ги поделил документите со дваесетина медиуми и новинарски тимови од повеќе земји, меѓу кои и со „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“, „Пропаблик“ и „Гардијан“. И француски „Монд“ добил дел од архивата.

Како што е договорено со Сноуден, новинарите кои ќе известуваат за овие документи ќе мораат да се согласат на одредени правила „Има многу документи, кои се од јавен интерес и кои можат и треба да бидат објавени. Постојат и документи во архивата за кои сметаме дека не треба да бидат објавени, бидејќи можат да им нанесат голема штета на невини луѓе“, додаде Гринвалд.