Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТајната за успехот на Новак Ѓоковиќ е конечно откриена!

Тајната за успехот на Новак Ѓоковиќ е конечно откриена!

Напорните тренинзи и добрата физичка подготвеност кај спортистите се најчесто главниот адут за нивниот успех. Тенискиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, крие еден ас во неговиот ракав – и не е воопшто поврзан со вежбање. Во неговата книга „Сервирај за победа“ Новак објаснува како отфрлањето на глутен од неговата исхрана му помогнало да се изгради во цврста и здрава личност што ќе го донесе до многу победи и неверојатно успеси.

новак„Не бевме во болница, ниту во некаква лабораторија и канцеларија на доктор. Не земаше крв. Немаше никаква огромна и страшна докторска опрема. Беше јули 2010, бев на турнир во Хрватска и Игор Четојевиќ, доктор по холистичка медицина од мојата родна Србија ми кажа дека можеби ја знае причината за падот на мојата форма и дека токму со регулирање на храната во мојот организам може да се реши проблемот.“

Доктор Четојевиќ започнал со испитување на чувствителноста и реагирањето на одредена храна со помош на еден тест наречен ЕЛИСА. Се работи за понаучно и поверодостојно тестирање на одредена храна.

„Резултатите без шокирачки: Открив дека моето тело е нетолерантно на пченица и млечни производи, па дури и малку чувствителен на домати.“

Тогаш зборовите на д-р Четојевиќ биле одлучувачки: „Ако сакаш твоето тело да реагира на начинот на кој ти тоа сакаш да биде, мора да престанеш да консумираш леб. Престани да јадеш сирење и намали го количеството на домати. Две недели. издржи само две недели и потоа побарај ме.“

blog-wheatПромените што се случиле подоцна биле неверојатни – Новак се чувствувал поисполнето, поживо, имал повеќе енергија и подобар сон. Кога по поминатите две недели Четојевиќ му дал на Новак да изеде ѓеврек и да види како телото ќе реагира на таа нагла промена, тенисерот повторно почнал да се чувствува зашеметено и помалце енергично.

„Ова е доказ, рече докторот, ова е тоа што телото ти го дава за да ти укаже на нетолерантност. И од тој момент се заколнав дека ќе го послушам телото за сѐ што ќе ми каже.“

Подготви: Тамара Стојкова