HomeАНТИСТРЕСТајната не невенот и лековитоста на народната медицина

Тајната не невенот и лековитоста на народната медицина

Невенот е еден од најлековитите цветови кој има значајно присуство во балканската народна традиција и повозрасните често го користеле како средство за спречување на инфекции, зарази, за лечење на рани и за хигиенски потреби. За невенот е поврзана интересна легенда која потекнува уште од Римско време кога млад Римјанин бил заљубен во девојка која била свештеничка посветена на божицата Вести. Неговите обиди да ја освои биле неуспеши и кога конечно успеал да ја извлече од храмот таа починала на самото место. На нејзиниот гроб според легендата изразнал овој убав и лековит цвет. Од народната традиција па се до денешната модерна медицина сосема јасно се согледани сите лековите и корисни својства на невенот за кој велат дека не постои кожна болест која не може да ја спречи.

neven1

Цветот од невен може да се користи на различни начини, од кои наједноставен е подготовката на ладна напивка или чај. Тоа може да го направите со еден цвет кој ќе го потопите со 250 милилитри топла вода и напитокот ќе биде готов за 30-на минути. Чајот од невен може да се пие до три пати на ден и помога при намалување на телесните тегоби, го подобрува хранењето на храната и може да спречи појава на чирови. Напивката од невенот ги смирува цревата, ги лечи внатрешните инфекции, добар е за третирање на хепатитис, како и при воспаление на очите.

 

За надворешна употреба невенот се користи за чистење на раните, воспаленија на кожата, израстоци, акни, изгореници, псоријаза и други појави. За оваа намена може да се користи и масло од невен кое делува како природен козметички препарат, а може да се користи и во комбинација со различни билки. Невенот е прилично безбеден за користење и не предизвикува несакани ефекти, но сепак воопшто не се препорачува за луѓето кои се алергични на амброзија и не смее да се користи во текот на бременоста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com