Сменети началници на Петта управа, крим-полиција и внатрешна контрола
Нови началници од понeделник ќе добијат и единиците за специјални задачи (ЕСЗ) и за брзо распоредување (ЕБР), а ќе следат смени и во СВР Скопје, Куманово, Велес, Битола, Штип, Струмица.., велат од МВР за „Дојче веле“. МВР започна со кадровски промени на раководни позиции во ресорот.