Бијонсе заедно со Серена Вилијамс во нов спот
Популарната американска пејачка Бијонсе објави нов спот за песната „Sorry“. Нумерата која сега доби и атрактивен спот се наоѓа на албумот „Lemonade“, кој таа неодамна го објави. Големо внимание во јавноста привлече тоа што во спотот, покрај Бијонсе, се најде и најдобрата тенисерка Серена Вилијамс.