Видео: На 30.000 квадратни метри, Виена го доби најголемиот графит во светот
Големото црно-бело лице, кое деновите се појави во третиот виенски округ, на површина од 30.000 квадратни метри, е најголемиот графит во светот. Сликата покрива површина од шест фудбалски терени, а само во првите неколку недели од создавањето австрискиот уметник Голиф минал повеќе од 120 километри.