HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиТаеквондисти со две злата и десетина медали на Балканско првенство

Таеквондисти со две злата и десетина медали на Балканско првенство

Голем успех за македонската таеквондо репрезентација која од Балканското првенство се врати со двајца шампиони кои освоија златни медали, како и уште десетина кои стигнаа до подиумот во Дупница, Бугарија.

Од 10 освоени медали 2 се златни, 1 сребрен и 7 бронзени.

Дејан Георгиевски до златниот медал стигна на импресивен начин добивајќи ги сите три борби со нокаут, Филип Додевски до златото стигна со четири победи.

Сребрени медали освоија Филип Стаменов и Марко Аврамовски со по две победи.

Со бронзени медали се закитија: Сара Раевска – 2 победи, Ива Сандева – 2 победи, Ања Русовска – 2 победи, Фросина Раевска – 1 победа,Ненад Мрцковски – 3 победи и Јована Јанковска – 2 победи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com