Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ сака да се кандидира за функцијата генерален секретар на ОН, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“. Според изданието користејќи стари врски, Тадиќ лобирал за својата кандидатура, а неодамна побарал и поддршка од Франција.

Според неименувани дипломатски извори францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиос на 16 јули имал средба со својот претходник Филип Дуст-Блази, а на средбата присуствувал и Божидар Делиќ, поранешен вицепремиер и близок соработник на Тадиќ. Блази го информирал Фабиос дека Тадиќ сака да се кандидира за наследник на Бан Ки-мун и сака официјална поддршка од Париз. Актуелниот министер за надворешни работи изјавил од своја страна дека Франција внимателно ќе го разгледа ова барање, и ќе се консултира и со Владата на Србија.

Од друга страна, соработниците на Тадиќ велат дека ова се само шпекулации. Советничката на Тадиќ, Марина Комад изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации. Тадиќ исто така изјави дека не планира да се кандидира за генерален секретар на ОН, оценувајќи дека тоа се дезинформации на „режимските медиуми“ кои се обидуваат да ја ослабнат опозицијата.