Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТачи сака во Влада за крајно решение на кризата

Тачи сака во Влада за крајно решение на кризата

Мендух Тачи излезе и со свои барања како лидер на ДПА, најголемата албанска опозициона партија, за излез од политичката криза. Тачи бара половина од министрите кои сега ги има ДУИ да и припаднат токму на ДПА за да се формира една нова влада на широка коалиција за долгорочно решавање на проблемите, за дури потоа да се излезе на регуларни избори во редовниот термин во 2018-та.

Според Тачи, широката коалициска влада треба да го организира и пописот, кој би гарантирал прочистен избирачки список. За ваквите статистички операции, потребно е време и затоа е невозможно да се одржат избори наесен или во март наредната година заедно со локалните, порача лидерот на ДПА, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално партијата ја одржува во Тетово.

За лидерската средба пак, која што се најавува за деновиве, Тачи вели дека нема резултира со решенија за излез од кризата и не верува дека воопшто ќе се одржи.