Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТачи планира да го повлече потписот од Пржино

Тачи планира да го повлече потписот од Пржино

Мендух Тачи се закани дека ќе го напушти пржинскиот договор. Лидерот на ДПА најавува дека основна причина за тоа е што точките битни за албанците воопшто не дошле на дневен ред и дека пржинскиот договор не ги дал резултатите кои се очекувале од него. Тој повеќепати повтори дека ДПА била најкоректната и најконструктивната партија во пржинскиот процес, но Тачи тврди дека луѓето, а особено албанците мора да дознаат дека на преговарачката маса не се разговара за подобрување на нивниот живот.

Дополнително вели тој тука е намерата на Груевски и Заев да избегаат од обврските. Тачи потсетува на сите предлози на неговата партија за чистење на избирачкиот список, како активна регистрација и попис, кои не поминаа, па затао вели бесмислено е да се надеваме дека ќе се ичсити избирачкиот список за 10 или 15 дена, кога 7 месеци се потрошиле за други работи. Конечната одлука лидерот на ДПА ја најавува за многу скоро, а вели ДПА може со своите ставови и да ги фрапира останатите.