Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТачи: Изборните реформи да се донесат до 6 октомври за мирни избори

Тачи: Изборните реформи да се донесат до 6 октомври за мирни избори

Сите опозициони партии ќе се обидат да издејствуваат што е можно подобри реформи во изборниот законик, вклучувајќи го и пречистувањето на изборниот список, како и гаранции дека сите ќе настапат рамноправно, за да не дојде до нови моменти на бојкоти и негирање на резултатите. Мендух Тачи, лидерот на ДПА, по вчерашната средба со еврокомесарот Хан истакна дека не е потребна активна регистрација на гласичите, туку регистрација на самите избори со земање на отпечаток од прст кој ќе биде доволна гаранција за идентитетот на гласачот и реализирањето на неговото демоктратско право.