Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТачи: Белград под притисок ќе дозволи формирање на војска на Косово

Тачи: Белград под притисок ќе дозволи формирање на војска на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи тврди дека во понеделник Белград би можел да се согласи на формирање на војска на Косово бидејќи меѓународната заедница, доколку сака, би можела да го убеди „за пет минути“.

Тачи повтори дека создавањето ан Војска на Косово е „пат од кој нема враќање“, а под знак прашалник е дали тоа ќе се случи преку измени на Уставот на Косово или со промена на законот.

„Белград го држи Косово како заложник и неоправдана е дилемата на меѓународната заедница да ги увери косовските Срби мандатот на безбедносните сили да се промени со измени на Уставот“, рече Тачи.