Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТабли со БЈРМ – Македонија бара од Србија да ги отстрани

Табли со БЈРМ – Македонија бара од Србија да ги отстрани

На коридорот 10 забележани табли со кратенката БЈРМ. Македонија побара од Србија да ги отстрани преку српската амбасадорка во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ. Македонското МНР побарало табли со уставното име.

За поставувањето на таблите јави српскиот весник „Вечерње новости“, соред кој таблата била ставена на делницата кај Владичин Хан. Во насловот е истакнато дека Скопје се лути поради таблата на коридорот 10. Овој потег на српските власти весникот го толкува како реакција на Белград на македонското гласање за прием на Косово во УНЕСКО, кое сепак не се случи.
vecernje novostiТогаш српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека е разочаран од Црна Гора и Македонија и порача дека како што некој се однесува кон српските интереси така и Србија ќе се однесува кон него.

„Што се однесува до Македонија и Црна Гора, им се заблагодаруваме. Ќе знаеме да го почитуваме тоа. Ние сакаме добри односи со сите и ќе умееме да го почитуваме тоа што го направија – тие покажаа дека Приштина им е поважна од Србија“, беше реакцијата тогаш на српскиот премиер Александар Вучиќ.

Останува да видиме како ќе постапат српските власти и дали Македонија и Србија ќе работат во интерес на добрососедските односи или Приштина ќе стане главна пречка за истите.