Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСветскиот патник Дејвид Хофман снима репортажи за Македонија

Светскиот патник Дејвид Хофман снима репортажи за Македонија

Дејвид Хофман е еден од најпопуларните светски патници кој независно изработува репортажи и е прогласен од US Today за еден од 10-те најдобри видеографи. Сега на ред е и Македонија која ќе му биде 64 земја која ја посетил и ќе издвои голем дел од убавините на нашата земја за неговиот блог davidsbeenhere.com, како и за видео каналот на YouTube. Неговата цел е да им покаже на сите туристи што да посетат во одредена држава, како да го испланираат патувањето и која храна да ја пробаат.

david hofman1

Хофман во Македонија ќе соработува од Агенцијата за промоција на туризмот која ќе има бенефит од шесте видео спотови за промоција на Скопје, Битола, Охрид како атрактивни градови за посета, како и за потеклото на македонскиот јазик, видео за археолошкиот локалитет Стоби и промоција на винските региони.