Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеСветски предупредувања кога патувате во Америка

Светски предупредувања кога патувате во Америка

Американската влада има огромна листа на предупредувања за своите граѓани кога патуваат во странство, дел од нив се оправдани, но дел од нив се полни со стереотипи и баух тврдења. Епа, Американците не се единствени во правење листа со предупредувања, бидејќи и останатите влади од светот имаат голем број на стравови за своите граѓани кога патуваат во САД.

usa travel2

Највпечатливи препораки има Русија која се уште го негува речникот од Студената војна и им порачува на граѓаните дека во Америка има огромна стапка на уличен криминал, голема употреба на дрога и алкохол, а русите треба да внимаваат бидејќи против нив има лов низ целиот свет.

usa travel3

Владите на Германија и Англија предупредуваат дека во Америка не треба да се шегувате со зборот бомба, особено на аеродромите и во Њујорк каде беа срушени кулите близначки. Канаѓаните најмногу стравуваат од шверц на луѓе преку граница и предупредуваат да не се качувате во возила како автостопери.

usa travel4

Кинезите најверојатно се најљубезни и скромни и на своите граѓани им порачуваат да бидат културни, да ги почитуваат децата и старите, да отстапуваат место во јавниот превоз и најчудно од се да ја чуваат десната страна од ексалаторите слободна бидејќи ја користат луѓето кои се брзаат. Ова се најголемите препораки при посета на Америка, дали вие ќе се сложите со нив и дали сте ги почитувале кога сте патувале во САД.