Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСветската тенисерка во суперхеројска акција се соочила со крадецот на нејзиниот телефон

Светската тенисерка во суперхеројска акција се соочила со крадецот на нејзиниот телефон

Женскиот тениски ас, американката Серена Вилијамс, повторно ја докажа нејзината истрајност и борбеност, овој пат надвор од теренот. Вилијамс на социјалните мрежи ја сподели својата неодамнешна приказна, проследена со фотошопирана фотографија на која е облечена како суперхерој, во која раскажува како додека седела во кинески ресторан, непознат сторител се обидел да го украде нејзиниот мобилен телефон.


Нешто ми велеше да внимавам на него, предолго стоеше тука. Го гледав под око, а тогаш кога најмалку очекував го зграби мојот телефон и брзо замина. Не размислував, скокнав и тргнав по него низ полниот ресторан, рушејќи неколку столчиња. Почна да трча, но бев побрза. Спринтовите на тренинг добро ми дојдоа. Љубезно го прашав случајно да не земал погрешен телефон. Тој остана без зборови, бидејќи веројатно не очекувал да се случи вакво нешто. Размислуваше што да одговори и на крајот рече: „ Еј, знаеш ли што сум направил. Многу сум збунет, сигурно сум земал погрешен телефон.“


serene superheroj


На самиот крај, тенисерката додава: „Суперхерој? Можеби? Или да! Ја имам брзината, го имам телото, сексапилот, силата и лидерството. Борете се за тоа што е важно.“