HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСветската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци.

fifa

ФФМ е казнета поради неодговорното однесување на малкумина од над 30-те илјади присутни гледачи на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои го следеа натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во рамки на квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се игра во Русија.

ФФМ ќе треба да плаќа казни поради недолично однесување на гледачите, пред се поради неколкумината навивачи кои по самото завршување на натпреварот, кој заврши со победа на „азурите“ со 2-3, влегоа на теренот во обид да стигнат до италијанските фудбалски ѕвезди.

Казната кон ФФМ е во паричен износ од 5.000 швајцарски франци, но и дополнителна опомена, дека секој нареден инцидент ќе биде построго санкциониран.

Забелешките се однесуваат и на честото користење на ласери, како и свирчиња од трибините, но конкретната казна се однесува на инцидентот за влегување на терен по натпреварот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com