Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСветот жали за жртвите во Ница, откриен идентитетот на терористот

Светот жали за жртвите во Ница, откриен идентитетот на терористот

Зад крвавиот напад во Ница стои францускиот државјанин со потекло од Тунис, Мохамед Лахоуаиеј Боухлел (31) кој со камион влета во толпа луѓе во Ница и уби 84 лица, меѓу кои 10-на деца и повреди 100-на. Светските лидери упатуваат пораки на сочуство и жалење за огромниот број на загубени животи, а пораки за солидарност испратија и македонските политичари.

Нападот најверојатно е добро испланиран и изведен според препораките на ИСИС да се користат возила за прегазување на „неверници“. Каналите на социјалните мрежи кои ги контролира ИСИС соопштуваат дека станува збор за одмазда за атентатот на Ал Шишани, еден од нивните воени лидери.

Терористот не можеле веднаш да го спречат ниту полицајците кои стрелале во неговата кабина, а еден храбар моторциклист се обиде да ја отвори возачката врата и го пушти неговиот мотор под тешките тркала. Камионот возел со голема брзина речиси два километри косејќи се пред себе. Тој бил тешко вооружен со автоматска пушка и гранати и доколку полицијата не го застрелала масакрот ќе бил уште поголем.