Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСветлечки реклами и бимови не се за барокно Скопје

Светлечки реклами и бимови не се за барокно Скопје

На главните плоштади во центарот на Скопје нема да се поставуваат светлечки реклами, видео бимови и рекламни LCD дисплеи бидејќи нема да бидат во согласност со новата естетика и изгледот на центарот.

„Со цел да се зачувуваат амбиенталните вредности на овие простори, да се спречат евентуалните непредвидени дополнителни оштетувања на новоизградените партерни површини и да се избегнат прекопи кои можат да доведат до оштетување на веќе поставените и вградени материјали, а поаѓајќи од фактот што во проектите за изградба и реконструкција на овие три плоштади не се предвидува поставување на билборди (мегалајти), осветлени рекламни витрини (сити лајти) и ЛЦД панели потребно е да се донесе Одлука со која ќе се забрани поставување на рекламни објекти“, се наведува во образложението на Град Скопје.

Оваа идеја постоеше уште при интевизирањето на градежните работи на плоштадот Македонија, како и на новите простори на плоштадите Филип Втори и ВМРО, а веќе постоечките рекламни елементи ќе се поместат на други локации.