Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСветицата Мајка Тереза ја краси новата кована пара

Светицата Мајка Тереза ја краси новата кована пара

Народната банка на Република Македонија во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица ја издаде новата кована во пресрет на ватиканската церемонија закажана за септември. На аверсот на кованата пара во централниот дел е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.

Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.