Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСвети Трифун со „Прв до врв“ ќе се слави на Водно

Свети Трифун со „Прв до врв“ ќе се слави на Водно

Спортската иницијатива „Прв до врв“ планира нов хепининг на Средно Водно за време на православниот празник Свети Трифун, посветен на виното и лозарите. Стартот како и секогаш е закажан во 9 часот пред основното училиште „Кочо Рацин“, а накај 11 часот сите рекреативци, спортисти и славеници ќе може да се дружат и забавуваат со квалитетни македонски вина.