Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника„Свети Никола“ во Љуботен мета на крадци

„Свети Никола“ во Љуботен мета на крадци

Ограбена е црквата „Свети Никола“ во село Љуботен скопско. Вчера, непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата од црквата и одзел околу 2.000 денари, а во близина на олтарот оштетил една икона по што го напуштил местото на настанот. Од МВР информираат дека е извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.