HomeДЕНЕШНАРепубликаСвечено отворена Хајдар-кади џамија во Битола, не помина без провокации

Свечено отворена Хајдар-кади џамија во Битола, не помина без провокации

dzamija-2

Отворена џамијата Хајдар – кади во Битола. По реставрацијата и реконструкцијата на овој верски објект со петочната молитва се одржа свеченото отворање. Дворот на џамијата преполн со верници. Присуствуваа и голем број на државници од Турција – пренесува Тера. На свеченото отварање на минарето од џамијата развеано албанското знаме. На ова реагираше советникот од општина Битола Иса Ибуш
dzamija
– Ова е еден вид провокација, бидејќи таму требаше да стои знамето од припадниците на исламската вероисповест. Мислам дека ова е тенденциозно и намерно направено пред отварањето на оваа џамија. Оваа е принцеза на Балканот и на овај начин се нарушуваат меѓуетничките односи со македонскиот народ и со турската заедница на овие простори, изјави Иса Ибуш советник од општина Битола.
dzamija-1
Според записите, џамијата била реставрирана во 1890 година и уште еднаш во 1910 година, пред посетата на султанот Решад. Од 1945 година во неа не се изведувале верски обреди. Хајдер-кади џамија во 2006 година е вратена на Исламската верска заедница.

Според инскрипицијата на камениот натпис над главниот влез Хајдар-кади џамијата била изградена во 1561-1562 година. Објектот е дело на отоманскиот архитект Минар Синан, познат како Микеланџело од Блискиот Исток, чии ремек-дела се и Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com