Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСвештеник изнајми билборд во Загреб: Комунизмот и мирот причина за педофилија

Свештеник изнајми билборд во Загреб: Комунизмот и мирот причина за педофилија

Балканот прв пат гледа вакво дело. Хрватскиот свештеник, Ивица Бердик, изнајми билборд во Загреб на кој осамна плакат во кој како причини за педофилија ги наведува комунизамот, мирот, тарот, хороскопот.

Свештеникот во изјава за Н1 на прашањето на кој начин меѓународно прифатениот симбол на мирот или комунизмот можат да бидат причина за педофилија, одговори: „Се ви пишува таму“. – Тоа е од посланието до Римјаните, тоа е библиска реченица, рече свештеникот.

berdik– Тоа не е знак на мирот, продолжи тој, но не одговори што е, туку само му порача на новинарот „да се информира за вистинската природа на тој симбол“.

На прашањето како во Библијата може да се говори за симболи кои настанале илјада години по нејзиното појавување, како на пример, црвена петокрака ѕвезда, Бердик одговори дека „Господ однапред знае како ќе се одвива историјата“.
– Господ ја има историјата во свои раце, тоа е сила на Божјите зборови, луѓето не сакаат да ја слушнат вистината, додаде тој.

МИА