Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСУТКОЗ: Да се разреши директорот на Водовод и да ги вратат бесправно избрканите работници

СУТКОЗ: Да се разреши директорот на Водовод и да ги вратат бесправно избрканите работници

Претседателот на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) Дарко Димовски денеска го потврди скандалот со директорот на Водовод, Александар Атанасов, кој е поставен на функцијата без да има соодветно високо образование.

Атанасов доставил диплома за завршен економски факултет во САД, кој не е признаен и кој не се наоѓа на Шангајската листа на 500 етаблирани факултети, чии дипломи се нострифицираат во Македонија.

Димковски побара градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој го поставил Атанасов за директор на јавното претпријатие веднаш да го разреши директорот.

Првиот синдикалец на СУТКОЗ исто така соопшти дека Атанасов бесправно избркал двајца вработени во Водовод, кои според одлуката на судот треба да бидат вратени на работа. Сепак, пред потребно е и Апелцискиот суд да се произнесе по првостепената одлука.