Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСУТКОЗ: Атанасов го оставил водоснабдувањето на Скопје ранливо на напади – го повлекол целото оружје

СУТКОЗ: Атанасов го оставил водоснабдувањето на Скопје ранливо на напади – го повлекол целото оружје

Претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски денеска обелодени документи кои укажуваат дека директорот на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов, своеволно, без претходно одобрување од Министерството за внатрешни работи наредил повлекување на оружјето кое се користи за обезбедување на стратешките објекти на водоводната мрежа.

– Несоодветниот и нестручен „директор“ со неговата интерна одлука го повлекува на оружјето од 16 стратешки објекти со што ги довел во опасност животите и безбедноста на граѓаните и жителите град Скопје кои го користат тој систем за водоснабдување, како и безбедноста на вработените и на стратешките објекти кои се од витално значење за Град Скопје – изјави Димовски.

Претседателот на СУТКОЗ соопшти дека денеска писмено ќе побара објаснување од МВР и министерот Агим Нухију и барање оружјето веднаш да се врати во објектите.

Алексов ја донел одлуката за повлекол оружје на 23 февруари годинава, со што речиси два месеци го ставил во ризична состојба безбедноста на клучните објекти за водоснабдување.

СУТКОЗ неодамна објави и документи кои покажуваат дека Атанасов е назначен на челната позиција на Водовод без соодветна диплома. Неговата дипломата е од американски колеџ кој не е признаен во Македонија, со што се доведува во прашање неговото директорување. Од Синдикатот веднаш побараа градоначалникот Коце Трајановски да го разреши Атанасов, а од Град Скопје соопшти дека го истражува случајот.