HomeРЕФЛЕКТОРДизајнСуперјахта и подморница во едно! (ВИДЕО)

Суперјахта и подморница во едно! (ВИДЕО)

migalu-1

Дизајнерите на компанијата „Migaloo Private Submersible Yachts“ го достигнале врвот во дизајнот на суперјахти- онаа која може да се претвори во подморница и да се нурне до 250 метри длабочина. Наречена „Мигала“, по популарниот албино-кит, концептуалниот дизајн на јахтата покажува дека пловилото е долго 114 метри, со место за слетување на хеликоптер и осум исклучително луксузни апартмани.

migalu-2

Сопствениците и нивните гости можат да гледаат филмови во големи кино-сали, да вечераат под отворено небо или да пливаат во базените на палубата. Кога тоа ќе им здосади, како што тврдат од дизајнерското биро, тие можат со претискање на едно копче јахтата да ја претворат во подморница.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com