Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСупер куп во Скопје – Сакаме финале меѓу англиска и германска екипа

Супер куп во Скопје – Сакаме финале меѓу англиска и германска екипа

ФФМ денес го прикажа пехарот кој во 2017 ќе го добие победникот на Супер купот на УЕФА. Арената Филип Втори Македонски ќе биде домаќин на дуелот меѓу победниците на Лигата на шампиони и Лига Европа. Ова е убедливо најспектакуларниот спортски настан во Македонија и бројните фудбалски фанови ќе може во живо да го проследат супер финалето на фудбалската сезона на Европа.

ffm1– Нашата посветена работа се исплатеше и УЕФА го препозна вложениот труд. Затоа сме почестени да бидеме домаќини на Супер купот во 2017. ФФМ поднесе и кандидатура за домаќин на натпреварите од Европскот првенство која беше одбиена, но финалето на Супер купот ќе биде вистински фудбалски празник за фановите во 2017, изјави Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

Во наредниот период ќе следи напорна работа за исполнување на сите критериуми кои ги постави УЕФА и ќе се превземат повеќе зафати на и околу стадионот за излези на источната и западната трибина, обезбедување на ложи за новинарите и ВИП личностите, решавање на паркингот се меѓу задачите кои ќе се решаваат во наредниот период изјави Владо Мисајловски министер за транспорт и врски. Тој вети дека ќе се формира координативно тело заедно со ФФМ, Град Скопје и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за Скопје да биде подготвено за прием на сите навивачи од Европа.

11657531_10205447360638265_1857284435_n

Уште сега се изразуваат желби за можните екипи кои би ги одмериле силите на Филип Втори. Илчо Ѓорѓиоски посакува финале меѓу англиска и германска екипа со оглед на посветеноста на навивачите од овие земји, а Златко Андоновски портпаролот на ФФМ посакува финале меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.