Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСума од 30 милиони евра за Грција наменети за справување со бегалската криза

Сума од 30 милиони евра за Грција наменети за справување со бегалската криза

Заменик министерот за миграции, Јанис Музалас, соопшти дека на 15-ти септември се очекува Европската унија да испрати 30 милиони евра до Грција кои би биле наменети за справување со бегалската криза.

На состанок со синдикатот на општините напоменал дека грчката Влада има конкретен план за справување со кризата и побара од членовите на КЕДЕ да се придржуваат кон тесна соработка.


Без локалната самоуправа, кризата не може да се реши. Целта е бројот на бегалците на островите да се направи одржлив, поради што ќе бидат ангажирани повеќе бродови за побрзо да ги префрлат на копно, рече Музалас.