Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМСУГС „Здравко Цветковски“ го освои петтото место во Италија

СУГС „Здравко Цветковски“ го освои петтото место во Италија

СУГС „Здравко Цветковски“ го освои петтото место во Италија. Како главен координатор во Македонија на Проектот за мир, и оваа година учествуваше на Годишното собрание во Италија и во конкуренција од 90 училишта, го освои петтото место. Оваа година настанот се одржа во Лињано, мало приморско гратче, а учествуваа училишта од Италија, Германија, Босна и Херцеговина, Словенија, Унгарија и многу други.

Главната темата на Годишното собрание беше интернет насилство, и средното училиште „Здравко Цветковски“ учествуваше со свој седумминутен настап подготвен од менторот, Професор – Каролина Ивановска, а музиката ја подготви Горан Богданоски од групата 21:00.

Инаку, учениците беспрекорно настапија и достоинствено ја претставија нашата мала земја. За целогодишната работа училиштето доби специјална пофалница за успешно организирани и спроведени хуманитарни и еколошки акции, хепенинзи и настани.