Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСУДСТВО: Случајот приватизација на „Зора шпед“ заврши со условни казни

СУДСТВО: Случајот приватизација на „Зора шпед“ заврши со условни казни

Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда по предметот за приватизацијата на АД „Зора“ во стечај од Гевгелија. Седумината обвинети се прогласени за виновни и заработија скромна условна казна од по една година. Пресудите ги засегаат поранешна судијка, стечаен управник и раководители на повеќе институции од Гевгелија.

Седуммината обвинети во временскиот интервал од 17-ти Јуни до 9-ти Ноември 2005тата година, со непостапување по службена должност, како одговорни лица, и со пречекорување на своите службени овластувања придобиле значителна имотна корист за лицето Васил Караниколов, со вкупна свредност од 11,2 милиони денари – стои во пресудата. Оштетени биле повеќе доверители со државен капитал, Фондовите за пензиско и здравствено осигурување, Министерството за финансии, општина Гевгелија, локалното комунално претпријатие, ЈЗУ Здравствен дом од Гевгелија во вредност од 212 милиони денари како и вработените од „Зора“ во стечај со 7,6 милиони денари.

Седумтемина обвинети како одбор на доверители донеле едногласна одлука за продажба ДТШ „Зора шпед“ иако тие немале легитимитет. Согласно Законот за стечај, судот констатирал дека Собранието на доверители кое се одржало на 9 септември 2003 година не донело решение дали Одборот на доверители останува и понатаму, поради што се утврдило дека Одборот не е во согласност со Законот за стечај, па во конкретниот случај, немал надлежност да одлучува за продажба на правното лице. По две години, Одборот исто така донел одлука за продажба на друштвото во стечај АД „Зора“, по пат на јавен повик со прибирање на писмени затворени понуди без почетна цена.

Обвинетиот стечаен управник спротивно од Законот за стечај, ја спровел донесената одлука за продажба за износ од 2,5 милиони денари, што е за 11,2 милиони денари пониска од проценетата вредност и е во спротивност со заедничките интереси на стечајните доверители. Одлуката на 18 октомври 2005 година била потврдена од Собранието на доверители. Членовите на Одборот на доверители се бранеле дека продажбата на „Зора Шпед“ е поништена, состојбата е вратена во првобитна состојба и со тоа се отстранети штетните одлуки.